Редовни работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа во град Скопје

Во текот на вчерашниот ден се спроведоа активности за отстранување на дефекти на водоводната мрежа во Парк Шума Гази Баба, на ул. Трета Македонска бригада бр. 60, ул. 5 бр. 5 во Стајковци, во село Љубанци, Копаница бб и ул.157 бр.40, како и работни активности за реконструкција на водоводна линија на ул. Димо Хаџи Димов и Митрополит Теодосиј Гологанов.

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за контрола на фекалната канализација на ул. Божидар Рајковиќ и Ѓорѓи Капчев од бр. 6 до 14б, одзатнување на шахти со цистерна под притисок на ул. Љуботенски пат и бул. АСНОМ бр. 122/3,  контрола на шахти и површинско чистење на сливници на ул. Јован Кукузел, Ернест Телман и Тодор Чангов краци 48, 50 и 52, бул. ВМРО, рачно чистење на сливници на ул. Букурешка, ул. 1470, ул. Јани Лукровски, ул. 18 во Радишани, бул. Кузман Јосифовски Питу, како и  рачно чистење на шахти на ул. Модест Мусогорски.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

 

 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies