Активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа

ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во текот на вчерашниот ден спроведоа активности за отстранување на дефекти на водоводната мрежа на ул.Жеглање, Никола Тесла, Волково ул.103, ул.1 бб во Усје, Благоја Стефковски бб, ул.2/3 во Визбегово,  но и за реконструкција на водоводна линија на ул. Димо Хаџи Димов. 

Истовремено се спроведоа и активности за контрола на фекални шахти и површинско чистење на решетки од сливници и одзатнување на фекална канализација со цистерна под притисок на ул. Венјаммин Манчуковски, ул. Драговити, Лазар Поп Трајков и ул. Христо Ботев, одзатнување на сливници на ул. Валандовска, одзатнување на фекална канализација со цистерна под вакуум на бул. Илинден, рачно чистење на сливници на ул. Дончо Штипјанчето, ул. Питу Гули  и во Ѓорче Петров, за поставување на нови капаци на шахти на ул. Скупи 6 и рачно чистење на шахти на ул. Скоевска. 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies