Месечен извештај за оперативноста на ПСОВ – Волково, јануари 2023

Пречистителната станица за отпадни води Волково е наменета за чистење на комуналните отпадни води кои доаѓаат од собирното подрачјето на населбите Кисела Јабука, Стопански Двор и Волково. 

ПСОВ Волково е предвидена за 19 500 Е.Ж. За пречистување на отпадните води се употребува современа СБР технологија. Во текот на месец  јануари, 2023 се пречистени вкупно 43.575 м³ отпадна вода. Од механичкиот предтретман се отстранети приближно 1,1 тони отпад со категоризација на отпад 19 08 01 (отпад од сита, крпи, марамици...) и 19 08 02 ( отпад од песколовец - песок).  Во Пречистителната станица за отпадни води - Волково  се прават анализи на параметри  кои се предвидени во дозволата за испуштање на отпадна вода во р. Лепенец.  

Во периодот од 01.01.2023  до 31.01.2023 беа  изработени  анализи на 16 примероци од две мерни места. Направените анализи во месец  јануари, 2023 година  покажуваат задоволителни резултати и висок процент на  ефектот  на пречистување, а  вредностите на параметрите на излез се движат во  границите на максимално дозволените концентрации според Правилник - Службен весник на РСМ бр.73 од 31.05.2011 година.   

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies