Теренски работни активности на водоводна и канализациона мрежа

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во текот на вчерашниот ден покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани, но и нормална и непречена функционалност на атмосферската и фекалната канализациона мрежа.

Се спроведоа активности за отстранување на дефекти на водоводната мрежа на бул. Видое Смилевски Бато, ул. Лука Ѓеров 5/1, Гостиварска 6, ул.1550, Бел Камен 21, но и за реконструкција на водоводна линија на ул. Димо Хаџи Димов.

Истовремено се спроведоа и активности за рачно чистење на сливници и одзатнување на сливници со цистерна под притисок и вакуум во Ѓорче Петров, контрола на шахти и површинско чистење на сливници на ул. Михаил Чаков и рачно чистење на сливници на ул. Коце Металец.

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies