Активности за одржување на атмосферската и фекалната канализациона мрежа во град Скопје

Активности за одржување на атмосферската и фекалната канализациона мрежа во град Скопје

Екипите на сектор Канализација при ЈП Водовод и канализација - Скопје и во текот на изминатите денови спроведоа активности за расчистување на сливниците и шахтите на главните и споредни улици на територија на град Скопје, но и активности за одзатнување на шахти по повик на корисници. 

Во согласност со состојбите на терен, ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до сите корисници на услугите на претпријатието, односно на канализацискиот систем, во него да не одлагаат отпадни материјали кои не се подлежни на разложување (како влажни марамици, најлони…), предмети од домаќинствaта и кабаст отпад, со цел заштита на системот, негова нормална функционалност, превенција од затнување и излевање на отпадната вода, што како таква негативно се одразува на санитарната и здравствена заштита, како и заштитата на животната средина од загадување. 

Редовните и вонредни активности се спроведуваат со цел одржување и нормална функционалност на атмосферската и фекалната канализациона мрежа во градот. 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies