Ажурирање на објава: Екипите на сектор Канализација при ЈП Водовод и канализација - Скопје во согласност со временките услови и состојбите на терен секојдневно спроведуваат активности за расчистување на сливниците и шахтите на сите главни и споредни улици на територија на град Скопје. Редовните и вонредни активности се спроведуваат со цел одржување и нормална функционалност на атмосферската канализациона мрежа во градот.