Теренски работни активности на водоводна мрежа

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во текот на изминатите денови покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.

Во овој период беа спроведени поголеми интервенции за отстранување на дефекти на водоводната мрежа преку сектор Водовод на бул. Крсте Петков Мисирков, ул. Зендел Џемаил бр.66, ул.102 и ул.43 во Волково, ул.1 бб во Копаница и ул. Франц Лист бр. 16.

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies