Екипите на јавното претпријатие Водовод и канализација - Скопје и денеска се на терен и од рано наутро работат на расчистување на сливниците, улиците и шахтите во пресрет на најавените засилени врнежи од дожд.
Екипите засилено работат со цел спречување на евентуални поплави на повеќе локации низ градот.
Вработените постојано ги следат состојбите на терен и делуваат во согласност со истите.
Слични активности ќе се спроведуваат и во претстојниот период доколку тоа е потребно.