Месечен извештај за оперативноста на ПСОВ – Волково, Декември 2022 година

Пречистителната станица за отпадни води Волково е наменета за чистење на комуналните отпадни води кои доаѓаат од собирното подрачјето на населбите Кисела Јабука, Стопански Двор и Волково. 

ПСОВ Волково е предвидена за 19 500 Е.Ж. За пречистување на отпадните води се употребува современа СБР технологија. Во текот на месец  Декември, 2022 се пречистени вкупно 48.789 м³ отпадна вода. Од механичкиот предтретман се отстранети приближно 1,4  тони отпад со категоризација на отпад 19 08 01 (отпад од сита, крпи, марамици...) и 19 08 02 ( отпад од песколовец - песок). Во Пречистителната станица за отпадни води - Волково  се прават анализи на параметри  кои се предвидени во дозволата за испуштање на отпадна вода во реката Лепенец. 

Во периодот од 01.12.2022  до 31.12.2022 беа  изработени  анализи на 16 примероци од две мерни места. Направените анализи во месец  Декември, 2022 година  покажуваат задоволителни резултати и висок процент на  ефектот  на пречистување, а  вредностите на параметрите на излез се движат во  границите на максимално дозволените концентрации според Правилник - Службен весник на РСМ бр.73 од 31.05.2011 година.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies