Известување за посета на СОС Детско село

Во пресрет на новогодишните  празници, со цел поддршка на СОС Детско село, директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Марјанче Митовски и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ги посетија дечињата згрижени во СОС Детско село и им поделија новогодишни подароци.

На средба со Националниот директор на СОС Детско село Јулијана Накова Гапо, се потврди успешната соработка меѓу Градот Скопје, ЈП Водовод и канализација - Скопје и СОС Детско село и се истакнаа планови за нејзиното продолжување во иднина.

Во рамки на новогодишната кампања за поддршка на СОС Детско селo, секој корисник на услугите на ЈП Водовод и канализација Скопје заедно со фактурите во печатена и електронска форма добива и повик за поддршка. https://sos.org.mk/seti-se/

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies