Неделен преглед на теренски активности (07.11-13.11.2022)

 

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во периодот од 7 до 13 ноември, 2022 покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.

Во овој период беа спроведени следните поголеми интервенции преку секторот Водовод и Канализација: 

-       Отстранување на дефекти на следните локации: Франц Прешерн 26, ул.Маџари бб, Самоилова 152, Копаница бб, Скупи ул.6 бр.11, ул.Тетовска бр.38, Герника 8, ул.5 бр.61 Стајковци, Козара 21, Мариовска 3/43, Христо Татарчев 103, Љубанци бб, Архиепископ Доститеј 23, 23ти Октомври бр.18б, Антон Димитров 96, 23ти Октомври бр.18б, ул.6 бр.78 Бардовци, Џумајска 21, ул.10 Долно Лисиче, Индира Ганди 89 и Стојна Стефкова бр.18.

-       Редовни акции за расчистување на шахтите и сливниците со цел нормална функционалност на атмосферската канализација. 

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies