саниран голем дефект во опш. Аеродром

Екипите на ЈП Водовод и канализација, вчера од 22 часот до 05 часот, во раните утрински часови, работеа на отстранување на дефект на цевка ф 150, ниска зона. Дефектот се работеше на раскрсница на бул.Јане Сандански со ул.23 Октомври.

И покрај тоа што за дефектот бевме информирани по 20 часот, нашите екипи веднаш излегоа на терен. 

Се работеше цела ноќ со цел да се избегне сообраќаен метеж и да не дојде до застој со водоснабдувањето.

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во Град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies