Неделен преглед на теренски активности (26-30.09.2022)

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во периодот од 26 до 30 септември, 2022 покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.

Во овој период беа спроведени следните поголеми интервенции преку секторот Водовод и Канализација: 

-       Отстранување на дефекти на следните локации: Матка, ул.60 бб, Волково, ул. Востаничка 88, ул.1 бб Батинци, Визбегово ул.5/307, Перо Наков, Франц Прешерн бр.43, Владимир Назор бр.5, Антон Димитров 97а, ул.Јордан Филиповски 3а, Ул.1 Добридол, Ферид Бајрам 41, Антон Чехов бр.8, Преспанска 16, Ѓорѓи Димитров 66, Пелагонија 1а, Ѓорѓи Капчев 16/21, Московска крстосница со Партизанска, Бутелска, Глумово ул.2, Франц Прешерн бр.43, Јадранска Магистрала 81 и ул.Саса 18/12.

-       Редовни акции за расчистување на шахтите и сливниците со цел нормална функционалност на атмосферската канализација. 

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies