Неделен преглед на теренски активности (05.09-11.09.2022)

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во периодот од 5 до 11 септември, 2022 покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.

Во овој период беа спроведени следните поголеми интервенции преку секторот Водовод и Канализација: 

-       Отстранување на дефекти на следните локации: Сарај ул.6, Исаија Мажовски 38, ул. Девол бб, Иван Хаџи Николов 28, Беаз Куле, Козара, Бул.Србија, ул. Рилски Конгрес, Серава бб, АСНОМ 170, Перо Наков бр.105, Димитар Гуштанов, ул.24/9 Радишани, Скупи 37, Прашка 16 и Архиепископ Доситеј 9.

-       Редовни акции за расчистување на шахтите и сливниците со цел нормална функционалност на атмосферската канализација. 

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

                

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies