ЈП Водовод и канализација – Скопје и Општина Аеродром со заедничка инвестиција за реконструкција на водоводната мрежа во висина од 9.208.383,00 денари

Денеска, директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински, заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, извршија увид на работните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улица Ѓорѓи Капчев во Горно Лисиче. 

Реализацијата на оваа реконструкција е заедничка инвестиција на ЈП Водовод и канализација – Скопје и Општина Аеродром и претставува само една од низата инвестиции кои претпријатието ќе ги спроведе за обнова на водоводната и канализационата мрежа во сопствено производство и соработка со општините во град Скопје. 

Вкупната инвестицијата за реализацијата на овој проект изнесува  9.208.383,00 денари со ДДВ, а инвестицијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, како изведувач на монтажните работи, е во висина од 4.034.632,00  денари со ДДВ. 

Со реализацијата на проектираната реконструкција ќе се овозможи поквалитетно водоснабдување на постоечките објекти на улица Ѓорѓи Капчев 1, како и четирите крака на оваа улица,  преку изведба на нова мрежа со соодветен материјал (полиетилен) и профил на цевка од 110мм и 90мм со вкупна должина од 579 метри. Истовремено ќе се овозможат и услови за приклучување на објектите на новата мрежа, која по реализацијата ќе се поврзе на постоечката водоводна мрежа со дијаметар на цевка од 150мм на главната улица Ѓорѓи Капчев. 

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува со спроведување на активности и реализација на проекти со цел подобрување на водоводната и канализационата мрежа, како и услугите за граѓаните на град Скопје.

 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies