Завршена реконструкцијата на испуст за атмосферска вода по дел од ул.Беласица

Заврши реконструкцијата на испустот за атмосферска вода во реката Вардар по дел од ул.Беласица како и доградбата на шахта за овој испуст.

 Со оваа инвестиција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, за реконструкција на испустот за атмосферска вода во реката Вардар по дел од ул.Беласица како и доградбата на шахта за овој испуст во висина од 1.024.697,00  денари, се овозможија услови за непречено одводнување на атмосферската вода во овој дел од градот.

 На потегот од крстосницата на бул.Гоце Делчев, ул.Беласица и новоизведениот бул.АСНОМ (кај East Gate) кон реката Вардар, односно кон новиот мост кој води кон Железничка станица, постоеше атмосферски колектор со дијаметар 1200/1800мм кој завршуваше во Вардар со испуст чиј дијаметар беше 900мм . Долгогодишното искуство во одржувањето на градскиот канализационен систем покажа дека во услови на обилни врнежи токму овој испуст е со тесно грло.

 Со изведбата на оваа реконструкција, за што е добиена согласност од Министерството за животна средина – Сектор за води, се прошири постоечката шахта и  се оформи уште еден излез од истата покрај постоечкиот. Новиот испуст е со дијаметар на цевка од 1200мм, во должина од 30м.

 Реализацијата на оваа реконструкција претставува реализација на уште една инвестиција на ЈП Водовод и канализација – Скопје во насока на подобрување на условите и услугите за граѓаните на град Скопје.

   


 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies