Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 01.08.2022 до 05.08.2022 зема 161 примероци за физичко-хемиска и 161 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ
на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен
весник на РМ, бр.183/18).
Концентрацијата на резидуалниот хлор во мрежата се движеше од 0.30-0.40 mg/l
.

                                                                                         

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies