Неделен преглед на теренски активности (11.07-17.07.2022)

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во периодот од 11 до 17 јули, 2022 покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.

Во овој период беа спроведени следните поголеми интервенции преку секторот Водовод и Канализација: 

-       Отстранување на дефекти на следните локации: ул.10/21 Сарај, ул.Румена Хаџипанзова 22, Лазар Личеновски бб, Сава Михајлов 18, Копенхагенска 4, бул. Борис Трајковски 22/46, бул. Киро Глигоров, Бардовци ул.18, Градинка – Р.Ј. Корчагин, ул.20 Инџиково, Свиларе бб, ул.10 Студеничани, Клинска Леса 10, Гемиџиска 130 и ул.13 Трубарево.

-       Поставување на системи за заклучување на капаците на шахтите 

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies