Завршена е реконструкцијата на опожарената атмосферска канализација на ул. Александар Урдаревски, во општина Бутел

Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, ја изведоа реконструкцијата на опожарената атмосферска канализација на ул. Александар Урдаревски, кај мостот на реката Серава, во општина Бутел. 

Целосна реконструкција е извршена на цевката со дијаметар од 1000мм, во должина од 70 метри, вклучително со двете шахти, дел од оваа линија. 

Имено, пред неколку дена, при рутинска проверка на атмосферската канализација на ул. Александар Урдаревски кај мостот на реката Серава во општина Бутел, екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, открија вандалски чин кој е на голема штета на претпријатието, но и на самите граѓани, како и опасност по нивната безбедност. 

При проверката на оваа линија беше установена кражба на капаците на шахтите, опожарување на шахтите но и на самите цевки кои се дел од атмосферската канализација. Веднаш по овие сознанија, случајот беше во пријавен во Општина Бутел и МВР од каде беше извршен испекциски надзор и случајот беше заведен од страна на надлежните институции. 

ЈП Водовод и канализација – Скопје, во однос на овој случај по службена должност поднесе две пријави за сторено злодело, една за кражба и една за опожарување на атмосферската канализација.

ЈП Водовод и канализација – Скопје, го осудува ваквото неодговорно однесување на групи на поединци, кои нанесуваат штета не само на претпријатието, туку и на граѓаните на град Скопје и претставуваат опасност за околината

 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies