Нормализирана работата на фекалната пумпена станица во Шуто Оризари, оштетена како резултат на уште еден вандалски чин утврден од екипите на ЈП Водовод и канализација - Скопје

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во текот на изминатите денови, покрај случајот со опожарување на атмосферската канализација на ул. Александар Урдаревски кај мостот на реката Серава во општина Бутел, се соочија со последиците од уште еден вандалски чин, овој пат во фекалната пумпена станица во Шуто Оризари. 

Минатиот викенд екипите задолжени за функционалноста на Фекалната Пумпена Станица во Шуто Оризари, затекнаа испуштена гоголема количина на густа течност, маст и масло за моторни возила како и огромни количини на цврст отпад, испуштени од неодговорни поединци во канализацискиот систем во Шуто Оризари.  

Поради испуштената густа течност и постојаното фрлање на кабасти цврсти предмети во канализацискиот систем се соочивме со сериозни оштетувања на фекалните потопни пумпи во ФПС Шуто Оризари. 

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје ги санираа последиците од неодговорното и вандалско однесување на поединци и успеаа да ја вратат Фекалната Пумпена Станица Шуто Оризари во работен режим. 

ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до граѓаните на град Скопје да се однесуваат одговорно со канализацискиот систем и во канализацијата да не се испуштаат влажни марамчиња, крпи, цврст отпад бидејки доаѓа до технички нарушувања на системите за одведување на фекалните води, а со тоа самите граѓани трпат најмногу штета. Исто така апелираме да не се оштетуваат електричните командни ормари на нашите фекални пумпени станици бидејки со тоа се нанесува директна штета на функционирањето на претпријатието, а може да настанат и несакани последици по сторителите на вандалскиот чин бидејќи нашите ормари се под напон. 

ЈП Водовод и канализација – Скопје и понатаму одговорно ќе го одржува целиот канализационен систем на град Скопје.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies