Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во периодот од 4 до 10 јули, 2022 покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.
Во овој период беа спроведени следните поголеми интервенции преку секторот Водовод и Канализација:
- Отстранување на дефекти на следните локации: Ѓурчин Кокале 31, Тиранска 38, Козле 173, ул.14 Бригада/Иван Хаџиниколов, Серава 115, Марко Крале, Димче Мирчев спроти МВР, Ракотинци ул.1, ул.7/520 Батинци, ул.Војдан Чернодрински, Качанички пат кај Овалекс, Лазар Поп Трајков 19, М.А.Ченто 157, Ново Село ул. 4/11, Нерешка 4а, ул.Мукос, ул. Б.Трајковски 1/19, ул.Исмаил Кадаре 1, ул.Методија Митевски 12, Народен Фронт бб, Скоевска 129, бул.Александар Македонски, Ј.Мијалков 64, бул.Јане Сандански 27 и Фрањо Клуз 14.
- Промена на шибери: Благоја Паровиќ 72.
- Акција за расчистување на атмосферската канализација
ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.