ЈП Водовод и канализација – Скопје ги заврши реконструкциите на атмосферската и фекалната канализациона линија на ул. Кораб и ул. Софиска

Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински заедно со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, изврши увид на ул. Кораб и ул. Софиска, каде заврши реализацијата на реконструкциите, најавени за реализација во изминатиот период. 

Со инвестицијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, за реконструкција на атмосферската канализација, по улица Кораб и пренасочувањето по дел од улица Јуриј Гагарин, во висина од 16.413.460,00  денари со ДДВ, се изгради нова атмосферска канализација во должина од 367 метри, со соодветен профил и траса по јавна површина, со цел решавање на долгогодишниот проблем со поплавување на оваа локација во услови на обилни врнежи. 

Со реализацијата на атмосферскиот колектор  со дијаметар 800мм по улица Кораб започнува прифаќањето на водите од отворениот канал кој се протега по јужниот дел покрај ул.Козле 1 (со доградба на постојната шахта на истата улица) како и водите од површините на улиците, крововите и дворовите на постојните и предвидени објекти со ДУП по улицата Кораб и оние кои гравитираат кон неа.  Со  реализација, пак, на  новопредвидениот атмосферски канал со дијаметар од 1000мм по источниот дел на ул.Јуриј Гагарин, приклучен во постојниот атмосферски колектор со дијаметар на цевка од 1000мм по сервисната улица Јуриј Гагарин, со отворање на нова ревизиона – приклучна шахта, започнува прифаќањето на веќе канализираните води од  атмосферската канализација со дијаметар на цевка 300мм од источниот дел на ул.Јуриј Гагарин. 

Со релизацијата, пак, на проектот за изградба на новата фекалната канализација на ул. Софиска, инвестиција на ЈП Водовод и канализација – Скопје во висина од 7.829.772,00 денари со ДДВ се изгради нова линија по јавна површина односно по самата улица и се создадоа услови за: 

- правилно приклучување на постоечките и новоизградените објекти на овој дел од улицата,

- подобрување на  условите  за непречено одведување на фекалните отпадни води,

- пренасочување на отпадните води од објектите на улиците Софиска и Женевска кон новата фекална канализација на ул.Московска. 

Изградбата на новата линија за одведување на отпадните води се реализира со употреба на полипропиленски цевки и шахти со вкупна  должина од 410 метри, кои се приклучија  на постоечката фекална канализација на ул.Московска со дијаметар од 400мм.  

ЈП Водовод и канализација – Скопје во соработка со Град Скопје и сите општини на територија на градот, продолжува со реализација на инвестиции насочени кон реконструкција и обнова на водоводната и канализационата мрежа се со цел, подобрување на условите за своите корисници.

 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies