Неделен преглед на теренски активности (27.06-03.07.2022)

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во периодот од 27 јуни до 03 јули, 2022 покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.

Во овој период беа спроведени следните поголеми интервенции преку секторот Водовод и Канализација: 

-       Отстранување на дефекти на следните локации: Ѓ.Салај 12, Т.Ц.Мерџан 35, Ловќенска 10, Иван Козаров 53, Самоилова бб, М.К.Бригада 3/55, Кисела Jабука ул.42/9, Ракотинци ул.1, Сердарот 103, ул.16/бб Сингелиќ, А. Демниевски 25, Црноризец 12, Гемиџиска 145, Бојане бб, ул.10/84 Бардовци, Никола Тримпаре 10, Х.Татарчев 30, Беровска 4/2, С.Рашче, ул.6/150 Бардовци и ул.22/18 Инџиково.

-       Акција за чистење на сливници и шахти за непрекината оперативност на атмосферската канализација 

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies