Акција за расчистување на атмосферската канализација

Во текот на вчерашниот ден, како резултат на невремето кое го зафати Скопје, а беше проследено со обилни врнежи од дожд и силен ветар, екипи на ЈП Водовод и канализација – Скопје излегоа на терен за расчистување на сливниците и шахтите на територија на град Скопје со цел нормална и непрекината функционалност на атмосферската канализација.

Во моментот, атмосферските и канализационите линии на територија на град Скопје се чисти и максимално функционални.

Екипите од секторот Канализација, беа присутни во сите општини на градот зафатени од невремето, а во нивната акција беа расчистени следните критични точки: подвозникот кај Мавровка, бул. Илинден, бул. Партизански одреди, ул. Јордан Мијалков, критичните места во општина Карпош, ул. Павел Шатев, деловите кај Полициската станица – Битпазар, делот кај хотел Континентал итн.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, се подготвени за соодветна реакција, во согласност со временските услови, секогаш во служба на граѓаните на град Скопје.

 

 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies