Зголемен притисок на водоснабдувањето во Пржино, Водовод ја заврши реконструкцијата на ул. Наум Охридски

Заврши реконструкцијата на водоводната мрежа по дел од ул.Наум Охридски, која е дел од системот - прва јужна висока зона, во Пржино, општина Кисела Вода. 

Со оваа инвестиција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, за реконструкција на водоводната мрежа во висина од 1.306.600,00  денари, се подобри притисокот на водоснабдувањето во постоечката мрежа. За постигнување на оваа цел, реконструкцијата се насочи кон поврзување на водоводната мрежа на ул. Кавалска, ул. Благоја Гојан како и горниот дел од ул. Наум Охридски  на системот - втора јужна висока зона, а ул. Рилски Конгрес остана поврзана на системот - прва јужна висока зона, што придонесе за раздвојување на мрежата и обезбедување на квалитетно водоснабдување за граѓаните во овој дел од градот Скопје. Со завршувањето на работните активности, улицата се врати во првобитна состојба.

 Оваа реконстркуција во Пржино е една од низата планирани инвестиции на ЈП Водовод и канализација – Скопје, чија реализација беше најавена од страна на директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински и завршена во предвидениот временски период.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies