Неделен преглед на теренски активности (13.06-19.06.2022)

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во периодот од 13 до 19 јуни, 2022 покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.

Во овој период беа спроведени следните поголеми интервенции преку секторот Водовод и Канализација:

-       Отстранување на дефекти на следните локации: Сараевска 36, Дижонска 15/18, Брсјачка Буна 89, Душан Тасковиќ 5б, Боривое Милошевски 45, Ново село 5/128, Ленинова бб, Малешевска 30, Никола Малешевски 2, 12-та Ударна Бригада 81, Финска 187, Копаница бб, Славејко Арсов, Дабница 9, Јани Лукровски бб, ул.5/44 Волково, ул.2 бр.3 Усје, Коце Металец 1г, ул.Ф. Прешерн бб, Ул.3 Студеничани, М. Междуречка 23, ул.Сава Михајлов и ул.5 Трубарево.

-       Тековно одржување на шахти и замена на водомери

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.