Неделен преглед на теренски активности (06.06-09.06.2022)

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во периодот од 6 до 9 јуни, 2022 покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.

Во овој период беа спроведени следните поголеми интервенции преку секторот Водовод и Канализација: 

-       Отстранување на дефекти на следните локации: С.Рашче, ул. Франце Прешерн бр.22, ул.1 б.б с.Студеничани, ул.Христо Татарчев 14/65, Македонска Косовска Бригада 3/40, Финска бр.187, Копаница бб, ул. 4 Бардовци, Никола Кљусев 5, Пржино 3, Дабница 19, Киро Димишков 35/б, АСНОМ 42, С.Крушопе бб, ул.10/26 Бардовци, ул.М.П.Јорданов 15, ул.Златко Шнајдер 10, ул.Перо Наков 127 и 12 Ударна Бригада 81.  

Во согласност со временската прогноза во текот на минатата недела и честите врнежи од дожд, екипите на секторот Канализација, спроведоа акција за расчистување на сливниците и шахтите со цел непречена функционалност на атмосферската канализација во сите општини на територија на град Скопје. 

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.