Пречистителната станица за отпадни води Волково е наменета за чистење на комуналните отпадни води кои доаѓаат од собирното подрачјето на населбите Кисела Јабука, Стопански Двор и Волково.
ПСОВ Волково е предвидена за 19 500 Е.Ж. За пречистување на отпадните води се употребува современа СБР технологија. Во текот на месец мај, 2022 се пречистени вкупно 69.061 м³ отпадна вода. Од механичкиот предтретман се отстранети приближно 1,9 тони отпад со категоризација на отпад 19 08 01 (отпад од сита, крпи, марамици...) и 19 08 02 ( отпад од песколовец - песок). Во Пречистителната станица за отпадни води - Волково се прават анализи на параметри кои се предвидени во дозволата за испуштање на отпадна вода во р. Лепенец.
Во периодот од 03.05.2022 до 31.05.2022 беа изработени анализи на 16 примероци од две мерни места. Направените анализи во месец мај, 2022 година покажуваат задоволителни резултати и висок процент на ефектот на пречистување, а вредностите на параметрите на излез се движат во границите на максимално дозволените концентрации според Правилник - Службен весник на РСМ бр.73 од 31.05.2011 година.