Акција за расчистување на атмосферска канализација на територија на град Скопје

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, од секторот Канализација, во текот на денешниот ден, врз основа на временска прогноза за наредните денови, за кога се предвидуваат врнежи од дожд, спроведоа акција за расчистување на сливниците и шахтите со цел непречена функционалност на атмосферската канализација во сите општини на град Скопје,  

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе ги продолжат активностите за расчистување на сливниците и шахтите, следејќи ја состојбата со временските услови, со цел непречено функционирање на атмосферската канализација на територија на град Скопје.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies