Известување за реконструкција на резервоарот во Копаница

Инвестиција на ЈП Водовод и канализација – Скопје за реконструкција на резервоарот во село Копаница во вредност 4.036.000,00 денари

 

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја започна реконструкцијата на постоечкиот резервоар во село Копаница, резервоар кој е изграден од страна на Општина Сарај и е дел од системот за водоснабдување на селата на територија на општината, Копаница и Буковиќ (а во согласност со развојните планови во иднина ќе треба да се користи и за водоснабдување во селото Ласкарци).

Во текот на експлоатацијата на резервоарот (повеќе од 15-тина години)  со откривање на одредени недостатоци кои делуваат на неговата оперативност и функционалност, ЈП Водовод и канализација - Скопје превзема активности за реконструкција на истиот. Реконструкцијата опфаќа: хидроизолација на внатрешните и на надворешните ѕидови, замена на дотраените и оштетените делови од резервоарот (вентилациони капи, одводна решетка и сл.), како и  изградба на заштитна ограда околу резервоарот, доградба на пристапниот пат и чистење на оградениот простор.

Вкупната инвестиција на ЈП Водовод и канализација – Скопје за реализација на предвидената реконструкција на резервоарот во с.Копаница  изнесува 4.036.000,00  денари со ДДВ.

Со реализацијата на оваа реконструкција ќе се намалат загубите на вода од овој систем, а ќе се подобри и водоснабдувањето во овој дел од град Скопје. 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies