Известување за нормализирано водоснабдување на улица Борис Трајковски

ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува граѓаните дека дефектот на ул. Борис Трајковски, кој предизвика прекин на водоснабдувањето во Драчево, Батинци, Моране, Долно Лисиче и околните места е саниран.

Имено отстранувањето на дефектот беше успешно реализирано во 16:45, а водоснабдувањето за населените места Усје, Пинтија, Батинци, Студеничани и село Моране кои се снабдуваат со вода преку резервоари (висока зона), се нормализира по 18 часот.

Овој тип на дефекти, се случуваат навистина ретко, но нивната природа предизвикува прекинато водоснадбусвање во подолг временски интервал. ЈП Водовод и канализација – Скопје, изразува благодарност до граѓаните од овој дел на градот Скопје, за трпението и разбирањето за време на отстранување на овој дефект

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies