Скопски Водовод со нова инвестиција од 12.100.000,00 денари на улица Козле

Денеска, директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински, заедно со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, направија увид на работните активности за реконструкција односно доповрзување на водоводна мрежа по дел од ул.Козле (од ул.Нерешка до ул.Мокра) во населба Козле, општина Карпош.    

Инвестицијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје за реализацијата на овој проект изнесува  12.100.000,00  денари со ДДВ. 

Изработката на проектно-техничка документација и реализацијата на истата е како резултат на потребата да се поврзат два постоечки водоводи кои се дел од т.н. висока зона Жданец.

Се предвидува поврзување на постоечкиот цевковод со дијаметар на цевка од 100мм во високата зона на ул.Козле кај крстосницата со ул.Мокра од страната на населба Нерези, со постоечкот цевковод со дијаметар на цевка од 100мм во високата зона на ул.Козле на крстосницата со ул.Нерешка, влезот во населба Жданец. Во текот на работните активности се предвидува и реконструкција на постоечките приклучоци на објектите од едната страна на ул.Козле кои гравитираат на предметната делница од улицата Козле (делница Мокра – Нерешка) кои имаат поголема катност заради што чувствуваат недостаток на притисок на горните катови. Исто така ќе се изврши реконструкција на мал дел од постечките приклучоци на објектите долж ул.1010 која гравитира кон ул.Козле. 

За реализација на овој проект ќе се употребат дуктилно лиено железни цевки со дијаметар од 100мм со вкупна должина од 685 метри и цевки со дијаметар од 80мм со вкупна должина од 60 метри, соодветни фасонски парчиња и арматури, а ќе се овозможи и подобрување на притисокот во мрежата, особено во летните месеци кога имаме зголемена потрошувачка на вода.

 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies