Неделен преглед на теренски активности (03.05-08.05.2022)

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во периодот од 3 до 8 мај, 2022 покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.

Во овој период беа спроведени следните поголеми интервенции преку секторот Водовод и Канализација: 

-       Отстранување на дефекти на следните локации: ул. Дренак бб, ул. Н.Охридски 6, ул. Стојна Стефкова 146, ул. Б.Стефковски 99, ул.Тиранска 42, ул.6 Сарај, ул.3/55 Батинци, ул. Х.Татарчев 14/2, ул. Јадранска Магистрала, ул. Горно Лисиче 41, бул. А. Македонски кај ЈСП, ул. Волково 70, ул. Козле 173, ул. Б.Трајковски, ул. Стојна Стефкова бб и ул. 3-та Македонска бригада.

-       Замена на затворачи/шибери: ул. Јуриј Гагарин 35,

-       Расчистување на сливници и шахти на територија на општина Шуто Оризари 

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

 

  

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies