Перински во работна посета на изворот Рашче

Денеска директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински, беше во работна посета на изворот Рашче и хлоринаторната станица во село Кондово, каде одблизу се запозна со функционалноста на каптажите Рашче 1 и Рашче 2, како и нивното поврзување со главниот цевковод, преку кој граѓаните на град Скопје се снабдуваат со чиста и квалитетна вода. 

ЈП Водовод и канализација – Скопје веќе 115 години го снабдува градот Скопје со вода за пиење, а од 1963 година со изградбата на каптажата Рашче 1 и 1964 со изградбата на првиот главен цевковод со профил 1600 мм, започнува со водоснабдување директно од подземниот извор Рашче, чиј капацитет е од 2 до 5 метри кубни вода во секунда, а чиј квалитет е високо оценет и под постојана контрола и мониторинг. За задоволување на потребите на градот, во 1969 се гради и вториот цевковод Рашче 2, за во 1992 да се пуштат во употреба и бунарите од бунарското подрачје Лепенец, како надополнување на бунарите од бунарското подрачје Нерези, изградени во 1964 година

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies