Неделен преглед на теренски активности (28.03-04.04.2022)

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во периодот од 28 март до 04 април, 2022 покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.

Во овој период беа спроведени следните поголеми интервенции преку секторот Водовод:

- Отстранување на дефекти на следните локации: ул. Коста Новаковиќ, ул. 171 бр.8, ул. Наум Охридски 25, ул. Индира Ганди 4, Ул. 1 Морани, ул. 1 бр.11 Рашче, ул. 1 Глумово, ул. 3 бб Батинци, ул. Перо Наков кај Бриколаж и бул. Борис Трајковски - ул. 7 бб кај пругата.

- Замена на огрлици и затворачи: ул. Коце Металец, ул. Мис Стоун, ул. Коце Металец бб кај Ремедика и ул. Благоја Стевковски бб.

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies