Неделен преглед на теренски активности (21.03 - 27.03.2022)

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во периодот од 21 до 27 март, 2022 покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.

Во овој период беа спроведени следните поголеми интервенции преку секторот Водовод: 

-       Замена на шибери на следните локации: ул. Јован Хаџи Шишков, ул. Амди Демир со Скоевска, ул. Рокомија со Александар Турунџиев, Ѓоре Ѓоревски бб, Саса ул. 18, ул. Београдска 120, ул. 12-Та Македонска Бригада и АСУЦ Боро Петрушевски. 

-       Отстранување на дефекти - ул. 9 Батинци, ул. Христо Татарчев бб, Ул. Петре Ѓорѓиев 100, ул. Тодор Чангов 103/а, ул. Наум Охридски 38, Киро Фетак 1/44, Ул. 10 бр.4 Копаница, Качанички Пат кај Свислион, бул. Јане Сандански 41, ул. 1550 Качанички Пат, бул. Борис Трајковски кај Општина Кисела Вода и ул. Буковиќ бб. 

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies