Перински: Направивме увид на работните активности на ул. Беласица

Денеска, директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински, направи увид на работните активности за реконструкција со доградба на постечка шахта за испуст и испуст на атмосферски води во р. Вардар по дел од ул.Беласица. Инвестицијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје за реализацијата на овој проект изнесува  1.100.400.00  денари, а изведувач на работните активности е фирмата  „Жикол“.    

На потегот од раскрсницата на бул. Гоце Делчев, ул. Беласица и новоизведениот бул. АСНОМ (кај East Gate)  кон р.Вардар постои атмосферски колектор Ø1200/1800мм кој завршува во р.Вардар со испуст Ø900мм.

По констатацијата дека овој испуст Ø900мм е тесен, особено за време на големи количини на дождовна вода кои доаѓааат од бул.Никола Карев (пластичарската улица ) кон кружниот тек кај Хотел Континентал, од ул.Беласица и  од бул.Гоце Делчев, се направи проект за изградба на овој дополнителен испуст во р.Вардар и за реконструкција односно доградба на постоечката шахта која во сегашни услови од колекторот Ø1200/1800мм  преминува во испуст со Ø900мм. За изведба на овие работни активности е добиена и потребната согласност од Министерство за животна средина – Сектор за води.

Изведбата на оваа реконструкција опфаќа проширување на постоечката шахта и  оформување на уште еден излез од истата покрај постоечкиот Ø900мм, но сега со цевковод од 1200мм во должина од 30 м и изградба на испуст на излезот на новата цевка во коритото на  р.Вардар.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies