Неделен преглед на теренски активности (14.03-20.03.2022)

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во периодот од 14 до 20 март, 2022 покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.

Во овој период беа спроведени следните поголеми интервенции преку секторот Водовод:  

-       Отстранување на дефекти на следните локации: Бул. Видое Смилевски Бато 77, Ул. 474 бр.2, Ул. 3 бб Батинци, ул. Тодор Чангов 103/а, ул. 9 Батинци, ул. Јован Хаџи Шишков

-       Замена на шибери: Бул. Киро Глигоров, ул. Рокомија со Александар Турунџиев, ул. Амди Демир со Скоевска

-       Изведување на водоводен приклучок: ул. Петре Ѓорѓиев 100, ул. Христо Татарчев бб,

 ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies