Соопштение за завршена акција за исплата на заостанати сметки, без камата

Голем интерес на граѓаните за акцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, за исплата на заостанати сметки, на рати без камата. 

Во текот на оваа акција се склучија 554 договори со физички лица, во износ од 39.130.952 денари и 30 договори со правни лица во износ од 3.244.238 денари.  

Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица беше со определен временски рок од 01.02.2022 до 15.03.2022 година.  

Во овој период корисниците кои имаа заостанат долг, имаа можност да го сервисираат истиот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Во согласност со одлуката на Управниот одбор, претпријатието излезе во пресрет на барањата на корисниците и во таа насока, физичките лица имаа можност за склучување на договори до најмногу 48 рати, а правните субјекти до 24 рати, во зависност од висината на долгот.  

Од оваа мерка беа изземени органите на државната и локалната власт, како и другите државни органи и институции кои вршат дејности од јавен интерес, агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија, основани од државата, општините и Град Скопје. 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies