Водовод со акција за расчистување на атмосферска канализација

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, од секторот Канализација, поради влошените временски услови и појавата на дожд, од утрово се на терен за расчистување на сливниците и шахтите со цел непрекината функционалност на атмосферската канализација во град Скопје.

Се расчистуваат сливници и шахти на улиците на територија на град Скопје, а активностите ќе продолжат како во текот на денот, така и во текот на следните денови.

   

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies