Неделен преглед на теренски активности (14.02-20.02.2022)

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во периодот од 14 до 20 февруари, 2022 покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.

Во овој период беа спроведени следните поголеми интервенции преку секторот Водовод

-       Отстранување на улични дефекти на следните локации: ул. 1бб Студеничани - приклучна цевка Ф1“, бул.Гоце Делчев дефект на цевка Ф 150мм, ул. Алија Авдовиќ 16/10 приклучна цевка Ф1“, ул. Македонска Косовска Бригада 3/58-приклучна цевка Ф1“, ул. Рудо 47 дефект на цевка Ф 200мм, ул. 3 бр.64  Батинци и ул. Џон Кенеди -Пензионерски Дом.

-       Замена и монтажа на шибери на следните локации - Матка ул. 1 бб и ул.Благоја Стевковски бб

-       Поправки во шахти на следните локации - ул. Александар Турунџиев 16/б, ул. Серава 92 и ул. Стојна Стевкова 52.  

На 20.02.2022, екипите на сектор Канализација, во координација со Општина Чаир пристапија кон акција за чистење на канализационата мрежа во Скопската Чаршија. 

Работните активности од овој тип се изведуваат во недела, заради полесен пристап до локацијата и истите ќе продолжат и во наредниот период. 

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies