Неделен преглед на теренски активности (07.02-13.02.2022)

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во периодот од 7 до 13 февруари, 2022 покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.

Во овој период беа спроведени следните поголеми интервенции преку секторот Водовод: 

-       oтстранување на дефект на приклучна цевка на ул. Индира Ганди 31/33, ул.Иван Хаџиниколов бб и Полог 2а,

-       дефект на водоводна мрежа од Ф 50 мм на ул.6 во населба Бардовци, ф-80мм на Народен Фронт 17, ул. Козле 20/15, ул. Манчу Матак 5 и ул. Гаврил Константиновиќ 47,

-       дефект на затворач ф-100 мм на Лазар Поп Трајков бб и ф-80мм на  крстосницата Че Гевара/Нов Живот,

-       изведување на водоводен приклучок Ф100мм на ул. Македонски Кралеви 40,

-       поврзување од стара на нова водоводна мрежа од  ф 100/80мм на ул. Иван Хаџиниколов бб, 

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

   

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies