Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во периодот од 31 јануари до 6 февруари, 2022 покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.
Во овој период беа спроведени следните поголеми интервенции преку секторот Водовод:
- поправка на огрлица на ул. Крушопек,
- поправка на уличен дефект на бул. Видое Смилевски Бато кај Жито, ул. 376 бр.105, ул. Рокомија бр.44, ул. Сердарот бб, ул. 5 бр.3 Добри Дол, ул. Жеглање бр.11, ул. Иван Манолев 57, село Глумово ул.1 бр.32, ул. Цветан Димов 132, ул. Сава Михајлов 10/2а, ул. Томе Арсовски 49, Копаница бб, ул. Коста Абрашевиќ 59, ул. Љубо Петровиќ 14 и ул. Сава Михајлов 18/41,
- поправка на вентили во шахта на следните локации: ул. Панче Неделковски 69, ул. Ѓорѓи Димитров 38, ул.Серава 7/а,
- монтажа и замена на шибери на следните локации: ул. Перо Наков кај Детоил и ул. 1615 бб.
ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.