Неделен преглед на теренски активности (24.01-30.01.2022)

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во периодот од 24 до 30 јануари, 2022 покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.

Во овој период беа спроведени следните поголеми интервенции преку секторот Водовод: отстранет дефект на приклучна цевка на ул. Јајце 131, дефект на огрлица на ул. Александар Турунџиев 2а, дефект на цевка со дијаметар 80мм на ул. Партение Зографски до бр. 62, огрлица со дијаметар 400мм на ул. 20 во Сарај, цевка од 80мм на ул. Христо Татарчев и 160мм на ул. Питу Гули кај амбасадата на Србија. Беше изведена замена на затворач на цевка со 80мм во село Копаница и поправка на затворач 400мм на крстосницата кај бул. Партизански одреди и ул. Ацо Шопов.

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците

       

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies