Известување за работна посета на директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински, во Секторот за санитарна контрола

Секторот за санитарна контрола, при ЈП Водовод и канализација – Скопје, чиј составен дел се акредитираните лаборатории според ISO 17025, е еден од клучните сектори во претпријатието каде секојдневно се контролира квалитетот на водата за пиење од водоснабдителниот систем во градот Скопје. 

Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински, во текот на денешната работна посета во Секторот за санитарна контрола, се запозна со процесот на работа и процесот на контрола на водата, кој секојдневно се изведува преку примероци од повеќе од 50 мерни места во градот Скопје. 

Преку процесот на контрола, кој подразбира постојан мониторинг и запазување на високите стандарди, се потврдува квалитетот и безбедноста на водата за пиење, која високо котира во европски рамки. 

Во рамки на посетата, покрај запознавањето со процесите кои се изведуваат во хемиската, микробиолошката и молекуларната лабораторија, Перински се запозна со проектите кои се во тек. 

Перински, исто така беше и информиран за оперативноста на Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје, чии лаборатории врз основа на своите достигнувања се доближуваат до лабораториите на европско и светско ниво.

     

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies