Tеренски активности за расчистување на сливниците и шахтите на територија на град Скопје, за нормална функционалност на атмосферската канализација

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје од секторот канализација, утрово се на терен и ги чистат сливниците и шахтите на територијата на град Скопје, со цел системот да биде подготвен да ги прими водите по топењето на снегот и нормална функционалност на атмосферската канализација.

Екипите на ЈП Водовод и канализација - Скопје, ќе ја следат состојбата и ќе продолжат со теренските активности во текот на денешниот ден, како и за време на викендот.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies