Известување за работна посета на генералниот директор Златко Перински, во сервис - Бутел

Денес генералниот директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје беше во посета на подрачната единица на претпријатието кое се наоѓа во општина Бутел. 

Во оваа подрачна единица се наоѓа поголемиот дел од механизацијата и работните единици со кои располага ова скопско претпријатие, кое ги опслужува скопјани со квалитетна вода за пиење. 

Се разговараше за капацитетите за работа, подготвеноста на работните единици и за актуелните предизвици со кои се соочуваат при секојдневното отстранување на дефекти од водоводната мрежа одржувајќи ја истата во солидна кондиција. 

Директорот Перински истакна дека ќе продолжи блиската комуникација на службите во насока на обезбедување на квалитетна услуга за граѓаните на Скопје.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies