Месечен извештај за оперативноста на ПСОВ – Волково, октомври 2021

Пречистителната станица за отпадни води Волково е наменета за чистење на комуналните отпадни води кои доаѓаат од собирното подрачјето на населбите Кисела Јабука, Стопански Двор и Волково. 

ПСОВ Волково е предвидена за 19 500 Е.Ж. За пречистување на отпадните води се употребува современа СБР технологија. Во текот на месец  октомври, 2021 се пречистени вкупно 65 805 м³ отпадна вода. Од механичкиот предтретман се отстранети приближно 4 тони отпад со категоризација на отпад 19 08 01 (отпад од сита, крпи, марамици...) и 19 08 02 ( отпад од песколовец - песок).  Во Пречистителната станица за отпадни води - Волково  се прават анализи на параметри  кои се предвидени во дозволата за испуштање на отпадна вода во р. Лепенец. 

Во периодот од 01.10.2021  до 31.10.2021 беа  изработени  анализи на 18 примероци од две мерни места. Направените анализи во месец  октомври, 2021 година  покажуваат задоволителни резултати и висок процент на  ефектот  на пречистување, а  вредностите на параметрите на излез се движат во  границите на максимално дозволените концентрации според Правилник - Службен весник на РСМ бр.73 од 31.05.2011 година.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies