Соопштение до јавноста, реакција на изнесените информации од Дуна компјутери

Ефикасното и квалитетно управување со финансиските средства е стратешка цел на Водовод и Канализација Скопје. Поради големиот обем на обврски и активности што Водовод и Канализација Скопје ги презема, се наметнува потребата од еден по брз, по ефикасен и по целисходен начин на работа, во повеќе домени од финансиското работење и системски пристап во обезбедување на услуги и подобра комуникација со деловните субјекти на Водовод и Канализација Скопје. - физички, правни лица и институции.

Сметаме дека остварувањето на овие цели ќе се постигне со воведување на софтвер за интеграција на систем за финансов менаџмент, кој ќе претставува основа за секојдневното, нормално и правилно функционирање на јавното претпријатие.

Од досегашното искуство со веќе постоечкиот софтвер на ДУНА Компјутери, би сакале да истакнеме дека ЈП Водовод и Канализација наиде на низа недостатоци и проблеми, кои што претставуваа потешкотија во секојдневното работење на самото претпријатие. Незадоволни од функционалноста на досегашното софтверско решение, кое во многу наврати предизвикуваше прекини во тековното работење, а со цел да се обезбеди изработка на квалитетен систем, кој во целост ќе ги задоволи потребите на претпријатието, ЈП Водовод и Канализација одлучи да инвестира во еден модерен ИТ систем, кој ќе ги интегрира и автоматизира сите дејности и услуги кои ги нуди на граѓаните, правните лица и институциите во целост.

Во врска со најавата за донација од страна на претставникот на Дуна Компјутери, ние како претпријатие сеуште не сме контактирани. Бидејќи, самото вакво решение претставува сериозен потфат, секако дека би го разгледале, доколку ги исполнува потребните услови и стандарди.

Меѓутоа, изјавите од типот „ ќе донираме софтвер за планирање на ресурси, со што на едно место би се интегрирале податоците од сите скопски јавни претпријатија, кои функционираат врз платформата на УЛТИМА софтверот“, не ги сметаме за сериозни и мислиме дека позадината на ваквите изјави претставува маркетиншки трик и обид за себе промоција, како и притисок врз јавните претпријатија, кои користат или би користеле вакви или слични софтверски решенија.

Ваквите изјави можат само и единствено, да го успорат процесот за имплементација на софтверското решение, што секако не е во интерес на граѓаните на Град Скопје.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies