Започнува соработката со германскиот консултант ДЕКОН за подобрување на оперативните и финансиските перформанси на ЈП Водовод и канализација - Скопје

Врз основа на Планот за реализација на проектот за изградба на Пречистителната станица за отпадни води – Скопје и спроведениот избор за компанија која ќе работи во насока на подобрување на оперативните и финансиските перформанси за спроведување на големи инвестиции, ЈП Водовод и канализација - Скопје ја започна соработката со германската компанија ДЕКОН, која е фокусирана на конслутантски услуги за инфраструктурни проекти во полето на енергетиката, ОИЕ, енергетска ефикасност, вода, отпадна вода и паметни градови. 

„За прв пат во нашата држава се ангажира реномиран консултант за подобрување на оперативните и финансиските перформанси со цел претпријатието да ги доизгради потребните институционални и технички капацитети за спроведување на големи инвестиции и успешно имплементирање на својата активност во секторот за третман на отпадни води. Средствата се обезбедени преку грант од ЕБОР, како дел од Проектот за изградба на пречистителната станица во Скопје“ – изјави Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје. 

За постигнување на целите на задачата, се предвидува консултантот ДЕКОН да и помогне на компанијата во идентификувањето и имплементацијата на потребните корпоративни, финансиски и оперативни стандарди: 

  • Предлагање мерки и активности за подобрување на корпоративното управување со Друштвото и помагање на Компанијата да подготви долгорочна (5-годишна) програма за корпоративен развој, вклучувајќи го и капиталниот буџет;
  • Подготвување договор за јавна услуга помеѓу Град Скопје и Друштвото;
  • Предлагање на мерки и акции за подобрување на оперативната ефикасност, како што се мерки и акции за намалување на трошоците за работа;
  • Предлагање мерки и активности за зајакнување на финансиските перформанси
  • Помагање на Компанијата во спроведувањето на мерките за подобрување на управувањето на Компанијата со животната средина, здравјето и безбедноста и работните/социјалните прашања;
  • Идентификување мерки за подобрување на капацитетот на персоналот на Компанијата;
  • Вградување на сеопфатен план за управување со оперативни средства;
  • Развивање соодветни алатки за балансирање на управувањето со ризикот на средства и подобрување на оперативната ефикасност, како и информирање за идните активности за планирање на капиталот.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies